Во Украина од утре ќе бидат воведени рестрикции за електрична енергија на целата територија.
Ова се прави по големиот руски напад кој значително ја оштети енергетската инфраструктура, соопшти вечерва украинската мрежа Укренерго.
„Почнувајќи од утре, 18 ноември, сите региони ќе бидат принудени да применуваат мерки за ограничување на потрошувачката, поради оштетување на електричните инсталации при масовен напад со ракети и беспилотни летала“, соопшти Укренерго.
САД ќе потрошат шест милијарди долари помош за Украина пред доаѓањето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија лансирала 120 проектили и 90 беспилотни летала во голем напад на целата територија на Украина, чија цел е енергетската инфраструктура.