Од средината, како и во втората половина на овој месец ни следува многу ладен период, како во Македонија, па така и во целиот регион. Поточно, од истокот и од североистокот на европскиот континент ќе ни продре многу ладен воздух кој ќе услови многу ниски температури на воздухот, и тие ќе бидат потпросечни за овој период од годината.
На Метеоролошката карта можете да видите дека најголем дел од Европскиот Континент, вклучувајќи ги и Балканот и Македонија ќе имаат многу ладно време со температури кој се пониски од вообичаените, односно од 30 годишниот просек, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.
Сепак и покрај ова, ќе имаме претежно сув студ, или повремено ќе има услови само за локални послаби врнежи претежно од снег. Повеќе снег овој бран ќе донесе во регионот.
И српските метеоролози најавуваат поларен бран во текот на периодот што следува.
„Поларниот експрес пристигнува, моментално е во северна Европа, ќе влезе низ виенската капија и ќе дојде кај нас. Денеска се вселува тој долен фронт кој ќе донесе облачност и дожд, а подоцна ќе прерасне во лапавица и снег. Температурата постепено ќе опаѓа, а од понеделник повторно ќе имаме утрински мразови. Ќе биде навистина студено,вели српскиот метеоролог Иван Ристиќ.
Тој открива кога е најраното време да очекуваме приближување на пролетта.
„За знаци на пролет треба да се почека до крајот на февруари, кога треба да има постепено затоплување кое ќе продолжи до почетокот на март, а потоа ќе има нов студен бран и повторно услови за снег. Тоа се големи осцилации. Сега според прогнозите се очекува да достигнеме 13 степени на почетокот на март, но постои можност подоцна да се вратиме на просечните околу 5 степени“, вели Ристиќ.