Од Русија со љубов: Москва испраќа помош за Северна Кореја – ќе добие 447 кози

69
EPA EFE KRISTINA KORMILITSYNA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин на состанокот одржан неодамна во Пјонгјанг договорија соработка првенствено на воено поле, но една од формите на соработка ќе се одрази и во испораката на кози.

Имено, во соопштението на руската агенција за заштита на земјоделството, се наведува дека Русија испратила 447 кози во градот Расон, кој се наоѓа во Северна Кореја.

Козите, кои беа извезени од рускиот регион Ленинград, се првата серија домашни животни што Русија има намера да и ги испорача на Северна Кореја.

„Козите ќе овозможат производство на млечни производи и ќе го ублажат недостигот на храна во Северна Кореја, во голема мера предизвикан од владините политики“, пишува Политико.

За време на неодамнешното патување на Путин во Северна Кореја, двајцата лидери потпишаа договор со кој ветуваат заемна помош во случај на агресија врз еден од потписниците.

Дополнително, договорот важи и за туристичкиот сегмент, како и за земјоделството.