Од Путин сепак ќе се бара да направи отстапки во Украина

73

Запрашан дали рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да направи какви било отстапки во договорот за ставање крај на војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп одговори: „Да, ќе го стори тоа“.

Трамп го опиша Путин како „многу паметен човек“, нарекувајќи го рускиот лидер „лукав“, а потоа го повтори тврдењето што веќе го кажа – дека Путин немал намера да ја прекине војната додека Трамп не биде реизбран за претседател на САД.

„Да не бев избран, тој ќе продолжеше да се инфилтрира во Украина“, рече Трамп. „Многу луѓе ќе беа убиени. Без нашата опрема, таа војна веќе ќе беше завршена. Сакам војната да заврши“, додаде тој.

Потпретседателот Џеј Ди Венс потоа додаде дека претседателот нема да открива повеќе детали за јавноста.

Трамп во последниве недели објави дека прекинот на огнот во Украина е блиску, но неговите изјави се чинеше дека повеќе одат во прилог на Русија отколку на Украина. Русите бараат Украина да се откаже од членството во НАТО и да ги признае четирите анектирани украински региони како дел од Руската Федерација.

ИЗДВОЕНИ