Од почетокот на војната во странство се преселиле 20 до 25 милиони Украинци

113

Речиси половина од жителите на Украина се преселиле во странство по избувнувањето на војната. Владата проценува дека бројот на Украинци кои живеат во странство се движи од 20 до 25 милиони

Само во Германија живеат околу 1,2 милиони луѓе со украинско државјанство,  вклучувајќи 350.000 деца и млади луѓе, а повеќе од 60 проценти од возрасните се жени. Само 32 милиони луѓе останале да живеат во областите контролирани од владата во Киев.

-Значаен број Украинци сериозно размислуваат да се вратат дома, изјави украинскиот вицепремиер Олексеј Чернишов за време на посетата на Берлин минатата недела, пишува „Дојче веле“.

Украина им дава гаранција на повратниците дека би биле ослободени од воена служба доколку работат во критичните индустрии како што се производството на оружје, енергетскиот сектор и обновата.

 

ИЗДВОЕНИ