Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“, во периодот од 1 до 10 декември 2024 година, изготви вкупно 25 едукативно-информативни записници за граѓани и за правни субјекти што го прекршиле Законот за јавна чистота.
Тие биле затечени при непрописно фрлање отпад на јавни и на сообраќајни површини во скопските општини: Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром и Кисела Вода.
– Најголем дел од активностите на екопатролата се одвиваа во Општината Чаир, каде што се врачени 11 едукативно-информативни записници – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.
Оттаму додаваат дека од почетокот на месецов, екопатролата спровела и интервентни патролни дежурства на седум локации, каде што било забележано континуирано непрописно фрлање отпад, од кои три биле реализирани во Општината Чаир, две во Општината Центар, додека во општините Карпош и Гази Баба било реализирано по едно интервентно дежурство.