Од петок се подига кабастиот отпад во УЗ „Стар Град“   

44

Јавното претпријатие  „Охридски комуналец“ од петок започнува со реализација на есенскиот циклус од календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид.

Од претпријатието ги известуваат жителите на општина Охрид дека акцијата за подигнување кабаст отпад почнува од УЗ „Стар Град“.

– Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 7 часот в петок и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата, во периодот  од 7 до 21 часот – посочуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Додаваат дека отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.