Од петок, прскање против комарци

16

Град Скопје ги известува граѓаните дека започнувајќи од петок до 03.10.2024 година, ќе се реализира авионска и дезинсекција од земја против возрасни форми на комарци и ларви од комарци.

При тоа, авионската дезинсекција ќе се реализира в петок и сабота, во раните утрински часови, додека дезинсекцијата од земја ќе се одвива од 30.09.2024 до 03.10.2024, во период од 21:00 до 02:00 часот, наредниот ден.

Дезинсекцијата од земја против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира в петок, во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите