Како што јавува репортерка на Н1, од правецот на Паркот на пионерите се слушна топовски удар и студентските редари ги соблекоа елеците.
„Од правецот на Паркот на пионерите се фрлени шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Редарите ги соблекоа елеците. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието“, соопшти Факултетот за драмски уметности во блокада.
За да не дојде до инциденти, обезбедувањето побара од граѓаните да го расчистат просторот пред Собранието, со помош на бранители. Ситуацијата е таква што една „одбранбена линија“ ја сочинуваат воени ветерани, потоа обезбедувачи, па празен простор, пренесува Н1.
Апелираме до граѓаните безбедно да се повлечат“, порачаа студентите на социјалните мрежи.
Пред српското Собрание има голем број полицајци.