Од хрватскиот пазар е повлечен производ „пршута“ поради потврдено присуство на салмонела

126

Државниот инспекторат на Република Хрватска извести за повлекување на производот „Остатоци од сечење прошуто без коски“, ЛОТ 25-00603, со рок на траење од 30 јуни 2025 година, поради потврдено присуство на бактерии од родот Salmonella spp, пренесува Индекс.

Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 2073/2005 за микробиолошки критериуми за храна, поради што е започната постапката за повлекување од пазарот, додаваат тие.

Тоа е производ на домашната компанија ŽITO d.d. од Осиек.

Компанијата објави известување за потрошувачите на својата официјална веб-страница, повикувајќи ги да проверат дали го имаат предметниот производ и да го вратат во продавниците каде што е купен. На потрошувачите ќе им бидат вратени парите.

„Искрено жалиме за настанатата ситуација. Безбедноста и задоволството на нашите клиенти ни се од најголема важност и веднаш го отстранивме споменатиот производ од продажба“, изјавија од ЖИТО д.д., додавајќи дека остануваат посветени на највисоките критериуми за квалитет и здравје.

Повеќе информации за повлекувањето се достапни на официјалната веб-страница на производителот: dobro.hr/novosti.

Повлекувањето се однесува исклучиво на производот од наведената серија LOT.

ИЗДВОЕНИ