Од февруари 2025 година: Швајцарија го забранува носењето бурки на јавни места

79

Во Швајцарија од 1 февруари 2025 година ќе биде забрането покривање на лицето на јавни места, а секој што ќе го прекрши законот може да биде казнет со 1.000 швајцарски франци (1.065 евра), објави Ројтерс.

Швајцарската влада неделава одлучи оваа одлука, одобрена од швајцарските гласачи на референдумот во март 2021 година, со 51,2 отсто, да стапи на сила во 2025 година.

Новиот уставен член ќе се спроведува во рамките на Федералниот закон за забрана на покривање на лицето.

Прекршувањата ќе бидат санкционирани со административна казна за да се минимизира бирократијата. Административната казна изнесува 100 франци и може да се плати директно на лице место.

Сепак, оние кои ќе одбијат да ја платат административната казна ќе бидат предмет на вообичаената процедура која предвидува максимална казна од 1.000 франци.

Забраната за покривање на лицето не се однесува на патниците во авиони или на дипломатско-конзуларните претставници.

Исто така, забраната најверојатно нема да важи за верски објекти и свети места, а покривањето на лицето ќе биде дозволено од здравствени, безбедносни и метеоролошки причини, пренесува Танјуг.