Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во телевизиско гостување истакна дека од девет училишта на територијата на Општината, дури седум немале имотен лист. Како што вели, тие биле изградени на диво.
Тој вели дека и објектите на јавни, државни институции во Чаир, како и цели блокови згради во Општината, изградени пред децении, немале имотни листови во моментот кога, во 2005 година, го презела Општината управувањето со нив.
– Ние поправаме една историја, можеби, 50 години, што некој ја наметнал така и потоа легализираме сè што е таму. По 1963 година, имаме ред блокови на згради без имотни листови. Сега луѓето се снабдуваат со документи преку Законот за легализација – изјави Ганиу.