Изгледа дека да се биде технолошки милијардер денес е многу повеќе од водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш завршувате на инаугурацијата на американскиот претседател.
Џеф Безос од тивок гик се претвори во набилдан ќелав човек со бесни наочари на главата, а Марк Цукерберг изгледа како да ќе почне да рапува во секој момент. Дали се работи за средовечна криза или само нов тренд кај богатите, останува да видиме.
Сепак, тешко е да не се забележат физичките промени на Безос, Маск и Цукерберг низ годините.
Основачот на Амазон, Џеф Безос, ја започнал својата кариера во финансии пред да отвори онлајн книжарница во гаражата во 1994 година. Денес, Амазон е глобален гигант во е-трговијата, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.
Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година, фокусирајќи се на вселенскиот сектор со Blue Origin. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите.
По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултираше со еден од најскапите разводи во историјата. Набрзо започнал врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка и пилот, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции.
Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – тој од слаб инженер се претвори во мускулест џетсетер. Често го гледаме на гламурозни забави и авантуристички патувања, што е далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер.
Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук (сега Мета), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, а денес Мета води проекти од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Цукерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање.
Цукерберг е во брак со Присила Чан 11 години, со која има три ќерки. Нивните животи, иако поприватни од Маск и Безос, често се претставени како избалансирани и ориентирани кон семејството. Двојката е ко-основач на Фондацијата Чан Цукерберг, која финансира проекти во здравството и образованието.
Сепак, трансформацијата на Марк во спортско момче привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи.
Илон Маск стои зад Tesla и SpaceX. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) и близок соработник на Доналд Трамп.
Приватниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца со три различни жени, меѓу кои пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на Twitter/X за јавно да разговара за се, од политика до лични караници, што го прави неговиот приватен живот неразделен од бизнис брендот.