Папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“, папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружиме зборовите, да ги разоружиме умовите и да ја разоружиме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.