Од безбедносни причини: Амбасадата на САД издаде предупредување поради протестите во Белград

94
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе српски Курир

„Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот сервис на РТС“, се наведува во известувањето за американските граѓани објавено на веб-страницата на амбасадата.

Се додава дека српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство, пренесе Курир.рс.

ИЗДВОЕНИ