Od 2028: Децата во Шведска ќе почнат на училиште на шестгодишна возраст

24
Фото:викпедија

Од 2028 година децата во Шведска треба да започнат на училиште на шестгодишна возраст како дел од реформата на образовниот систем во земјата.

Владата најави дека планира да ја замени задолжителната предучилишна година за шестгодишните деца позната како „форсколеклас“ со нејзино „додавање“ во основното училиште, пишува Гардијан.

Министерот за образование Јохан Персон рече дека „училиштето мора да се врати на основите“ и додаде дека ќе има поголем фокус на раното учење читање и пишување и на математиката.

„Ова треба да резултира со тоа што учениците ќе имаат подобра можност да ги развијат основните вештини како читање, пишување и бројчање и да ги постигнат своите цели на училиште“, рече тој.

Критичарите велат дека планот е во спротивност со истражувањето кое покажува дека развојот на децата е најдобар кога учењето се заснова на игра, што ги охрабрува да истражуваат и да создаваат и развиваат љубопитност преку игра.

Синдикатите стравуваат дека овој потег може да остави без работа многу специјалисти едукатори.

Професорот на Универзитетот Содерторн, Кристијан Ајдевалд, верува дека со „туркањето“ на шестгодишните деца во училишната средина, ризикуваме да ги изгубиме основните методи засновани на игра и кои се покажало дека го поттикнуваат развојот на децата.

Според него, тоа не е само педагошка преференција, туку студиите потврдуваат дека играта е основа за рано учење и развој на критички вештини како што се јазикот и решавањето проблеми.

Од друга страна, професорот по образование на Универзитетот во Гронинген во Холандија, Јоханес Вестберг, вели дека потегот има смисла и дека шведското образование повеќе ќе го усогласи со остатокот од Европа.