„Од 1 јануари ќе останеме без струја и парно“: Паника во најсиромашната земја во Европа

346
EPA-EFE/DUMITRU DORU

Рускиот енергетски гигант Газпром во саботата објави дека ќе го прекине извозот на гас во Молдавија од 1 јануари 2025 година, откако Молдавија не го подмири својот долг.

Гаспром наведе дека има право да го раскине договорот за снабдување со Молдавија.

Овој потег доаѓа пред целосното суспендирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, од каде што тече кон Словачка, Австрија, Унгарија и Италија, по истекот на постоечкиот транзитен договор со Украина на 31 декември. Најпогодена од оваа суспензија ќе биде Молдавија, пишува Јутарњи лист.

Молдавскиот премиер Дорин Речеан ја осуди одлуката на Русија, велејќи дека жителите ќе останат без струја и греење.

Во објава на Фејсбук, тој ја обвини Русија дека ја користи енергијата како оружје и најави дека Молдавија ќе ги разгледа правните лекови, вклучително и меѓународната арбитража.

Русија, која е критична кон прозападната влада во Кишињев, бара од Молдавија да го плати долгот за минатите испораки, кој, според руските пресметки, изнесува 709 милиони долари, а Молдавија тврди дека должи 8,6 милиони долари.

Русија преку Украина ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно. Гасот се доставува до отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија што ја продава на остатокот од Молдавија.

Два и пол милиони Молдавци се подготвуваат за долги прекини на електричната енергија откако Киев соопшти дека нема да го обнови транзитниот договор со Гаспром.

 

ИЗДВОЕНИ