Од 1 јануари 2025: Во Белгија ќе биде забранета продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

76

Белгија од 1 јануари ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини.

Ова го соопшти белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук, кој посочи дека станува збор за „пионерски потег на земја членка на Европската унија“.

Ванденбрук истакна дека евтините електронски цигари станаа закана за здравјето бидејќи компаниите што ги произведуваат лесно ги привлекуваат тинејџерите да ги купат и развиваат зависност од никотин, пренесува АП.

„Електронските цигари за еднократна употреба се нов производ кој едноставно е дизајниран да привлече нови потрошувачи. Електронските цигари содржат никотин, кој предизвикува зависност, а никотинот е штетен за вашето здравје. Ова се фактите“, нагласи Ванденбрук.

Според него, дополнително електронските цигари за еднократна употреба се направени од пластика, имаат батерии и електрични приклучоци и претставуваат товар за животната средина бидејќи претставуваат опасен хемиски отпад.

ИЗДВОЕНИ