Цената за парно греење за потрошувачите во Скопје од 1 февруари се зголемува за 5,03 проценти одлучи Регулаторната комисија за енергетика, по доставените барања на трите компании ќерки на ЕСМ, кои побараа зголемување на цената на топлинската енергија. Ова доаѓа како резултат на порастот на цената на природниот гас на светските берзи за 16 проценти во последниот квартал од 2024 година.
Со ова зголемување како што истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, се очекува просечната сметка за топлинска енергија да се зглеми за околу 100 денари, па така оние што досега плаќале 2.100 денари, од февруари ќе плаќаат 2.200 денари.
Тој најави дека во текот на февруари ќе се донесе одлука и за цените на железарското парно и топлинската енргија што ја испорачува топланата Скопје Север.