Очајниот Гвардиола ќе понуди богатство за ѕвездата на Реал (М)

189
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер Сити има намера во следната сезона да влезе со неколку нови имиња во тимот. Се очекуваат бројни промени, особено по сезона во која „граѓаните“ изгледаа навистина скромно во сите натпреварувања.

Јануари донесе неколку нови имиња на „Итихад“, а „граѓаните“ планираат во летниот преоден рок ќе ја покажат својата сила кога ќе тргнат по големите имиња.

Флоријан Виртц од Баер Леверкузен е едно од имињата кои се поврзуваат со Сити, а покрај него Пеп Гвардиола сака да го засили офанзивниот дел од тимот со ѕвездата на Реал (М), Родриго.

Шпанецот со години е „заљубен“ во бразилски напаѓач, многу го сака во својот тим и затоа повторно ќе се обиде да го донесе.

Нема да биде лесна задача бидејќи Родриго е многу приврзан за „кралевите“ иако често е во сенка на најголемите ѕвезди Мбапе, Винисиус и Белингем, Бразилецот често истакнуваше дека се гледа себеси на „Сантијаго Бернабеу“, сепак, јасно е дека Реал понекогаш мора да продава.

Доколку има потреба тимот да ги пополни дупките во другите делови од тимот, Родриго би можел да биде првиот избор за продажба.

Неговата вредност на пазарот е огромна, „кралскиот клуб“ би можел да заработи и до 150 милиони евра. Тоа е бројка на која претседателот Флорентино Перез не може да остане имун.

Гвардиола го смета Родриго за идеален човек за неговиот тим. Сигурно е дека ќе се обидат да го убедат да дојде на „Итихад“ каде би бил прва ѕвезда и каде што нема да има проблеми како во Реал (М), каде честопати беше последна опција за напаѓачкиот дел од тимот.

 

ИЗДВОЕНИ