Обвинителството бара притвор за 10 лица, немало писмен договор меѓу организаторот и групата, за организирање на концертот

113

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот.

Сослушан еден од организаторите на настанот и како што рече Коцевски немало писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот.

Над 20 лица се сослушани во текот на денешниот ден за случајот, на информативен разговор во Скопје е повикан и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди Коцевски.

Тој рече дека е формиран обвинителски тим од двајца јавни обвинители од ОЈО Скопје, двајца од ОЈО Кочани и двајца од ОЈО Штип, кои извршиле увид на лице место, кој сѐ уште не е завршен и ќе продолжи во текот на утрешниот ден, а најави дека за утре ќе бидат ангажирани и три до пет јавни обвинители од Скопје.

ИЗДВОЕНИ