Обвинителство: Специјализираното одделение ги истражува случувањата во „Шутка“, ќе има постапки против инволвираните затворски полицајци

37

Од Основното јавно обвинителство денеска информираат дека специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во Затворот Скопје.

Како што велат, по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Ова следува откако во јавноста излегоа фотографии од возачот Васил Јованов, кој на Партизанска ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, како држи телефон во раката додека е во притвор во затворот „Скопје“.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера порача дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, а извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица.

Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

ИЗДВОЕНИ