Откако вчера премиерот Мицкоски изјави дека претходната власт во изборната 2020 година го следела него како лидер на најголемата опозициска партија за наводна организација на паравоена формација, Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас.
Обвинителството по допрен глас отвори предмет по вчерашната изјава на претеседателот на владата на Христијан Мицкоски кој посочи од собраниска говорница дека „една од разузнавачките институции го следеле и него и неговото семејство. Како причина за следењто е дека тој бил „нарачател и финансиер на пара-полициско воено-вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“.
„Обвинителство веќе има оформено предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на претседателот на Владата, за што јавниот обвинител денешната средба веќе го информираше и премиерот. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите. Обвинителство ќе ги преземе сите неопходни активности за да ги испита својства на можни инволвирани лица и евентуални инкриминарни дејствија, велат од Јавното Обвинителство.“
Мицкоски и вчера посочи дека една од безбедносните агенции располагала со наводни информации дека е организатор на вооружени терористички структури, а оти за тоа не го информирала. Затоа според него се поставува прашањето зошто безбедносната агенција не го информирала МВР.
„Одговорот е јасен. Затоа што тогаш имаше техничка влада, а технички министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев. Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ. За останатото, оставам на Обвинителството, а за тоа зборувавме и со обвинителот сега на настанот, да допре гласот до ЈО, па да видиме дали ЈО понатаму ќе преземе некакви мерки.“ – рече Мицкоски.
„Цилиндар“ и „Џокер“ се кодните имиња на измислените лица кои, според премиерот, се креирани од разузнавачките служби, во пресрет на изборите во 2020 година, кога беше во опозиција, со цел да создадат алиби за негово следење.