Обвинителите „ја провалија“ тактиката на Пи Диди: Го користи семејството за да влијае на сведоците

363
EPA/ASHLEY LANDIS

Шон Диди Комбс ги прекршил затворските правила контактирајќи со потенцијалните сведоци кои може да се појават на судењето – официјално тврдат обвинителите.

На овој начин се потврдија неодамна изнесените медиумски шпекулации.

Музичкиот магнат е обвинет за „немилосрдни напори“ за „коруптивно влијание врз сведочењето на поединци“, користејќи ги телефоните на други затвореници.

Згора на тоа, новина е што тој ги користел повиците со членовите на семејството за да им пренесува шифрирани пораки.

Им барал да контактираат со потенцијални сведоци во негово име – додаваат обвинителите.

Комбс (55) моментално е во притвор на Менхетен. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија против него. Меѓу нив се оние за силување, трговија со луѓе, злоупотреба…

Двапати му беше одбиена кауција, а неговите адвокати понудија 50 милиони долари.

Адвокатот на Комбс тврдеше дека е невозможно музичарот да се подготви за судењето зад решетки поради „неверојатно обемната“ количина на материјал за прегледување, особено без лаптоп.

Тој тврди дека неговата подготовка била попречена од условите во затворот, вклучително и полицајците што му ги одзеле пенкалата што ги користи за белешки.

Судењето треба да започне на 5 мај.