Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“.

-Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К., информираат од Кривичниот суд.

Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот.

Од Судот додаваат дека кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

ИЗДВОЕНИ