Обвинетиот за убиство на својот брат и снаата во Стајковци осуден на дваесет години затвор

59

Како што соопштија од Јавното обвинителство, обвинетиот, според обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава, на 14 мај 2024 година, на свиреп начин и при вршење семејно насилство, ги лишил од живот својот брат и снаата.

По вербална расправија, тој со метална шипка ја нападнал жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа починала на лице место. Потоа, барајќи клуч од гаражата од својот брат, и по неговото одбивање, го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Оваа пресуда следува по спроведена судска постапка и поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје.

ИЗДВОЕНИ