Денеска завршува судењето на Урош Блажиќ. Предвидено е обвинителите на Вишото јавно обвинителство Смедерево да изнесат оцена на доказите, заклучоците за клучните факти, да укажат на важечките законски одредби и да наведат олеснителни и отежнувачки околности за изрекување на казната.
Блажиќ на претходното рочиште се согласи да одговори на прашањата на адвокатот на оштетениот Небојша Перовиќ.
Урош Блажиќ денеска беше изведен пред говорницата да одговори на прашањата на Перовиќ, но според медиумите тој побарал судијата да ја дополни својата одбрана.
„Излегов да одговорам затоа што сите беа во право. Ве молам не ме прашувајте за мотивот. Јас константно ја префрлав вината“, започна Урош Блажиќ.
“Цел живот глумев, правев жртва од себе. Замислував дека сите ме мразат. Ја одбив помошта од моите врсници, се однесував арогантно. Вистината е дека одбивав да ја преземам вината, а виновен сум само јас. Мислам дека сега е доцна да го кажам тоа, а требаше да го сторам на почетокот. Би сакал да изразам сочувство. Знам дека ништо не може да им ја намали болката, би сакал да им се извинам на сите за моето однесување. Стојам пред вас – судете, мојата судбина е во ваши раце. Осудете ме најстрого“, рече Блажиќ.
„Она што најмногу би сакал е да ми дадете лист и да потпишам дека ќе ми го извадте окото, ќе ми го исцедите ‘рбетниот мозок, ќе ми ја отсте раката, ногата и да им ги дадете на повредените. Сакав на сите да им дадам до знаење дека знам дека сега сум мртов човек“, заврши тој.
На прашањето на адвокатот Перовиќ, тој донекаде се согласил да зборува за 4 мај. Тој рече дека не знаел кога решил да изврши масовно убиство.
„Слушнав за Рибникар тоа утро, но само површно. Го осудив. Знам дека не ми верувате. Бев револтиран. Не можам да одговорам на прашањето зошто го направив истото“, одговори Блажиќ.
„Го земав оружјето по пораките на „Вацап“. Влегов во автомобилот и преку Дубона и Мало Орашје се упатив кон Смедерево. По пораките телефонски разговарав со Виктор Ѓорѓевиќ, тој ми кажа дека ми се закануваат, дека ќе дојдат и ќе ме тепаат. Те молам, не сакам да зборувам за таа ноќ. Нема мотив, нема оправдување. Како да не бев јас, овие раце веќе немаше да можат да го земат тој метал и да го вперат кон некој друг“, изјави Урош Блажиќ.
Дозволата на судијата, Блажиќ да ја дополни одбраната предизвика реакции кај членовите на семејството кои седеа во публиката. Тие кажаа дека повеќе не можат да го слушаат ова, му посочија на судијата дека поминало времето што тој го побарал да ја изнесе својата одбрана. Некои родители дури ја напуштија судницата.