Обвинети се за вештерство: Две лица во Замбија планирале да го убијат претседателот со помош на магија

47

Полицијата во Замбија денеска соопшти дека за вештерство се уапсени две лица, кои наводно планирале атентат врз претседателот на државата Хакаинде Хичилеми.

Портпаролот на полицијата Рае Хамунга објави дека двајцата осомничени, Јастен Мабулесе Кандунде (42) и Леонард Фири (43), наводно биле ангажирани од Нелсон Банда, помладиот брат на пребегнатиот пратеник Џе Банда, за да му прават магии на претседателот, пренесе АП.

Џеј Банда, кој беше уапсен под обвинение за тешка кражба, избега од полицискиот притвор во август 2024 година и властите не знаат каде се наоѓа.

Уапсените се соочуваат со обвиненија за вештерство, поседување амајлии и суровост кон животните.

„Различни амајлии, вклучително и жив камелеон, беа пронајдени кај осомничените и тие наводно практикувале вештерство“, рече Хамонга.

Тој додаде дека нивната наводна мисија била „да користат амајлии за да му наштетат на шефот на државата“, претседателот Хакаинде Хичилема, пренесува Танјуг.

Портпаролот на полицијата рече дека осомничените откриле дека се согласиле да добијат исплата од 7.400 долари за планираниот чин.