Обвинение за уште едно узурпирање за паркинг кај поликлиниката „Бит-пазар“

66

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен предлог против едно физичко и против едно правно лице за кривичното дело узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.

Во конкретниот случај станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до цветниот пазар кај Здравствениот дом Скопје – поликлиника „Бит-пазар“, кое, согласно со деталниот урбанистички план „Саат кула“ во Општина Чаир, било наменето за изградба на катна гаража и било предвидено за продажба со јавно наддавање.

– Меѓутоа, од 24.8.2023 година, обвинетиот го користел земјиштето како импровизиран паркинг- простор. Тој поставил рампа и пункт за наплата на паркинг, ангажирал вработен да врши наплата за користење на паркинг-местото и на корисниците, во име и за сметка на правното лице, им издавал сметки, ограничувајќи и контролирајќи ги влезот и излезот до земјиштето – соопштија од ОЈО.

Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде определена мерка на претпазливост – забрана да презема работни активности што се поврзани со кривичното дело, односно забрана да го користи земјиштето.

Основното јавно обвинителство – Скопје, постапувајќи по пријавите за дивите паркинзи во Општина Чаир, и во текот на вчерашниот ден поднесе обвинение против друго физичко и против друго правно лице, кои, исто така, подолг период узурпирале земјиште за таа намена во близина на поликлиниката „Бит-пазар“.

 

 

ИЗДВОЕНИ