Вистинска бомба одекна во српските медиуми, а тоа е дека тимот на Партизан веќе е во преговори со нов тренер. Оваа вест ја пласираше „Макс спорт“ и според неговите сознанија, тимот од Белград веќе започнал преговори со Андреа Тринкиери, тренерот на Жалгирис, кој го совлада Партизан со 70:66, во четвртокот.

Во преговорите, сосема сигурно, бил вклучен и Жељко Обрадовиќ, кој би можел да се пензионира како тренер и да се пресели на друга позиција во клубот.

Во претходното коло, кога ја совлада Жалгирис Црвена звезда, Тринкиери даде многу интересна изјава.

  • Завршив работа за Партизан – изјави италијанскиот тренер со насмевка.

Инаку, по поразот од Жалгирис, Обрадовиќ имаше само пофални зборови за својот можен наследник на клупата на Партизан.

  • Тој е одличен тренер, разбирам што се обиде да направи и како игра неговиот тим. Одлична работа за него. Целата одговорност за поразот е моја – истакна Обрадовиќ.

Тринкиери го започна своето тренерско патување во далечната 1998 година, на само 30 години, како асистент во тимот на Олимпија од Милано, градот во кој е роден. Работеше како помошник тренер шест години пред да почне со тренерската кариера. Веќе во 2013 година стана прв тренер на УНИКС, каде што дојде до индивидуалната награда за најдобар тренер во Еврокупот. Една година подоцна, се пресели во Бросе бамберг и остана четири години во Германија, по што пристигна на клупата на Партизан. Во Белград остана две години и им стана миленик на навивачите, а потоа премина во Евролигата, каде што го водеше Баерн од 2020 до 2023 година. Од 2023 година ја води екипата на Жалгирис од Каунас, каде што сè уште е тренер.

Со Партизан, во споменатиот период, освои два купа и еден Суперкуп во АБА- лигата.

 

ИЗДВОЕНИ