Обновена е струјата во делови од Шпанија – линиите на мадриското метро и понатаму остануваат затворени

64

Шпанскиот оператор на електроенергетската мрежа „Ред електрика“ објави дека напонот е обновен во одредени трафостаници на северот, југот и западот на земјата.

„И понатаму работиме со сите расположливи ресурси со цел што побрзо да го воспоставиме снабдувањето со електрична енергија на целата територија“, прачаа од „Ред електрика“.

Но, во посебно ажурирање на информациите, шпанската национална железничка фирма Ренфе соопшти дека сите возови и понатаму остануваат во прекин поради „прекинот на електрична енергија“.

Во меѓувреме, мадридското метро исто така објави дека сите линии и понатаму се затворени.

ИЗДВОЕНИ