ЈКП „Илинден“ го обнови својот возен парк со ново специјално комунално возилно – подигнувач на контејнери со капацитет од 5.5 кубни метри.
Од Општина Илинден информираат дека ова е шесто комунално возило набавено во изминатиот период заедно со градежна машина, багер.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека приоритет за работење на локалната самоуправа е токму подобрување на услугите што таа ги нуди.
-Со набавка на нови комунални возила, освен што ќе се подобри квалитетот на услугите што ги извршува ЈКП „Илинден“, туку и ќе се обнови и зголеми самиот возен парк – нагласи Георгиевски.
Тој додаде дека со оваа набавка, ќе се овозможи вработените во ЈКП „Илинден“ подобро и поефикасно да ги извршуваат своите работни должности.