Облечете се како Зуица Лазова: „Тексас на тексас“ е моден хит!

134

Подобро умее и од некои модни дизајнери!

Кога фолк-пејачката Зуица Лазова не е на сцената во долги свечени фустани таа е во едно сосема поинакво опуштено модно издание. Овие денови кога беше без работни обврски, без настапи со микрофон, Зуица замина на плажа. Сите се прашуваа што бара на плажа кога уште е ладно времето и не е за пливање? Таа само се прошета на чистиот воздух и на сонцето кое како порачано за неа „пукна“ со целиот својот сјај.

На плажата иако облечена, нашата популарна пејачка (но и професорка по хармоника) покажа дека има одличен моден вкус и во овие постудени пролетни денови.  Формулата за едноставноста и убавината лежи во комбинацијата „тексас на тексас“! Изгледа не само носталгично, туку тоа е сега и моден хит. И во женската и во машката гардероба.

Но, Зуица не би била Зуица додека не би знаела тоа да го носи на својот специфичен начин. Сè успешно го комбинирала со бели патики, бела чанта и бели очила за сонце. За чиста десетка! Браво, Зуја, од тебе треба да учат дури и некои модни дизајнери, кои претерувајќи со своите модни совети честопати забегуваат во невкусот. Насмевката на Зуја, се покажа како дополнително пожелна!  (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ