Облакодер во Бангкок се урна за неколку секунди: Луѓето панично бегаат, работници затрупани под урнатините/ВИДЕО

1056

Облакодер во изградба се урна во Бангкок по разониот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Мјанмар.

На социјалните мрежи е објавена шокантна снимка на која се гледа повеќекатна зграда со кран на врвот како се урива во облак од прашина, додека луѓето врескаат и бегаат.

Полицијата за Асошиетед прес изјави дека реагирала на местото на несреќата во близина на популарниот пазар Чатучак, но нема информации колку работници имало на местото во моментот на уривањето.

Најмалку 43 работници останале заробени по земјотресот, јавуваат тајландските медиуми, пренесува Sky News.

ИЗДВОЕНИ