Облачното небо ја наруши целосната глетка: Делумно затемнување на Сонцето денеска беше видливо од поголемиот дел од Европа и делови од Северна Америка

35
Фото:википедија

Делумно затемнување на Сонцето беше видливо денеска од поголемиот дел од Европа и делови од Северна Америка и Африка.

Околу 20 отсто од површината на Сонцето беше покриена од Месечината, но облачното небо го оневозможи јасно да се види, објави „Дојче веле“ (ДВ).

Делумно затемнување на Сонцето денеска беше видливо од источна Северна Америка, Гренланд, голем дел од Европа, северна Русија и делови од северозападна Африка.

Затемнувањето го достигна врвот околу 12:15 часот. по средноевропско време и траеше уште 50 минути, пренесува Танјуг.

За време на затемнувањето на Сонцето, Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето.

ИЗДВОЕНИ