Облачно со дожд, од утре следува период на претежно сончево време со температури во пораст

45

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла.

Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2).
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје, слично време со повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во попладневните и ноќтите часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Синоптичарите, од утре најавуваат период на стабилно, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

ИЗДВОЕНИ