МОЛОТ ТРЕБА ДА СЕ ОТВОРИ ЗА 5 ДЕНА: Искра од апарат за заварување предизвика пожар во новиот трговски центар во Битола

101

Искра од апарат за заварување употребен при монтажа на декоративна фасада, го предизвика пожарот во трговскиот мол Блис во Битола. Сопствениците на објектот, „Беком инвест“ за пожарот велат дека бил несреќен случај кој настанал при поставување на држачи на фасадата, но за релативно кратко време бил локализиран од битолските пожарникари.

Причинета е само материјална штета и нема повредени.

„Според првичниот увид, причинета е мала материјална штета на фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е огноотпорен и има дополнителна внатрешна изолација со камена волна, како и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околна те фасада. По извршениот увид после гасењето на пожарот не се констатирани штети на останатите делови на објектот ниту на конструкцијата“, информираат од Беком Инвест

Територијалната противпожарна единица во Битола дојавата за пожарот ја добила околу 18 часот вчера, а огнот бил ставен под контрола еден час подоцна.

Отворањето на објектот беше закажано на 5 август.