Попладнево се урна авион кај Загреб во Јеждовац. Авионот се урнал недалеку од пистата веднаш по полетувањето.
Пожарникарите успеале да го лоцираат местото на несреќата, а Цивилната заштита потврди дека едно лице загинало. Според нивната објава, во леталото имало пет патници.
Според хрватските медиуми, едно тело е пронајдено под урнатините на авионот, тројца се повредени, а по едно лице наводно се уште се трага.
Според хрватските медиуми, во авионот кој се урнал имало падобранци, кои се воени лица, па целата спасувачка акција, како и истрагата за падот, ќе ја преземе армијата.
➡️na teren su upućeni pripadnici
Državne intervencijske postrojbe civilne zaštite Zagreb, policija, hitna medicinska pomoć, HGSS Samobor i Zagreb te vatrogasci
➡️Na letu je bilo registrirano 5 putnika pic.twitter.com/UWgZ1AUISu— Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH (@RavnateljstvoCZ) May 25, 2024
„Денеска, 25 мај 2024 година, во 16:13 часот, добивме дојава од ОЦЦЗ за можен пад на помал авион во областа Лучко. Екипите на ХГСС од станиците Загреб, Самобор и Карловац веднаш беа испратени на на терен, а во моментов се на терен со другите оперативни сили пожарникари и полиција“, соопштија од Хрватската планинска спасувачка служба.
Повредените се изнесуваат со хеликоптер.