Маж (50), по потекло од Саудиска Арабија, вчеравечер беше уапсен под сомнение дека го предизвикал терористичкиот напад во германскиот град Магдебург, во кој, според досегашните официјални информации, убил две лица, а повредил повеќе од 60.
Како што пренесуваат локалните медиуми, а како што изјавил Рајнер Хазелоф, премиер на сојузната покраина Саксонија-Анхалт, тој дејствувал сам и не бил дел од заговорот. Тој откри дека во Германија е од 2006 година, и дека работел како лекар, специјалист по психотерапија.
Според официјални лица, сторителот не им бил познат на властите како исламист. Државната министерка за внатрешни работи, Тамара Чишанг, изјави дека имал дозвола за постојан престој.
На социјалните мрежи се шпекулира дека напаѓачот е активист и дека водел веб-страница за баратели на азил каде ги советувал своите сонародници да не бараат азил во Германија.
Според информациите на полициските службеници, напаѓачот со својот автомобил „најмалку 400 метри“ се движел низ божиќниот пазар, каде налетал на група луѓе, предизвикувајќи хаос и паника кај присутните.
Магдебург, град западно од Берлин, е главен град на Саксонија-Анхалт и населението се состои од околу 240.000 жители.
The suspect in the Magdeburg Christmas market attack has been named as psychiatrist Taleb A., a specialist in psychiatry and psychotherapy, born in Hofuf, Saudi Arabia.
Investigations into his motives are ongoing.#Magdeburg #Germany pic.twitter.com/fgsneE1f4L
— British Pakistani Index (@PakistaniIndex) December 20, 2024