Објавена возраста на сите жртви во трагедијата во Кочани: Шест се малолетници

347

Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина.

Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години.

Возраст

16 години –  тројца загинати
17 години – тројца загинати
18 години – четворица загинати
19 години – еден загинат
20 години – двајца загинати
21 година – шестмина загинати
23 години – двајца загинати
24 години  – седуммина загинати
25 години – тројца загинати
26 години – седуммина загинати
27 години – двајца загинати
29 години – еден загинат
30 години – тројца загинати,
31 година – двајца загинати
32 години – еден загинат
33 години – еден загинат
36 години – четворица загинати
38 години  – двајца загинати
43 години – еден загинат
44 години – двајца загинати
47 години – еден загинат
48 години – еден загинат

Од Обвинителството информираат дека извештаите од обдукциите се изготвуваат и ќе бидат доставени до нив.

ИЗДВОЕНИ