Филмот на Алек Болдвин насловен „Рѓа“ (Rust) конечно треба да биде објавен. Поминаа повеќе од три години откако снимателката на филмот беше убиена на сетот, а сега конечно е објавен првиот трејлер.
Во трејлерот, го гледаме Болдвин во улогата на одметникот Харланд Руст. Сместена во 1880-тите, приказната следи едно момче сираче, кое го игра Патрик Скот Мекдермот, кој е осуден на смрт откако случајно го убил ранчерот, пренесува Индекс.
„По игра на судбината, неговиот отуѓен дедо Харланд Раст го извлече од затвор и го води во бегство кон Мексико“, се вели во официјалниот синопсис. „Додека бегаат низ дивината што не простува, бегалците ги гонат решителниот американски маршал Вуд Хелм (Џош Хопкинс) и немилосрдниот ловец на награди познат како Проповедник (Тревис Фимел)“, се наведува понатаму во најавата.
Трејлерот првпат го објави магазинот People, кој објави дека филмот ќе биде премиерно прикажан на 2-ри мај во одредени кина и дигитални платформи. Продукцијата на филмот е завршена во 2023 година. Режисер е Џоел Соуза.
Филмот беше премиерно прикажан минатата година во Полска.
Продукцијата беше прекината во октомври 2021 година, откако Алек Болдвин случајно испука истрел од реквизит пиштол кој содржеше вистински наместо празен куршум. Во таа прилика беше убиена снимателката Халина Хачинс, додека режисерот Џоел Соуза беше ранет. Болдвин беше ослободен, додека реквизитерката Хана Гутиерез-Рид беше осудена на 18 месеци затвор во април за убиство од небрежност.
Филмот Rust беше премиерно прикажан во ноември 2024 година на филмскиот фестивал EnergaCamerimage во Полска. Мет Хачинс, сопруг на трагично починатата Халина Хачинс, стана извршен продуцент на филмот како дел од спогодбата што ја постигна со Болдвин и другите продуценти по тужбата за убиство во 2022 година.