Објавен трејлерот за новиот музички филм „Штрумфови“: Ријана ѝ го позајмува гласот на Штрумфетa, а ќе чуеме и нејзини авторски песни/ВИДЕО

35

„Парамаунт пикчрс“ (Paramount Pictures) го објави првиот трејлер за својот нов музички филм „Штрумфовите“, во кој пејачката Ријана е гласот на Штрумфета.

Покрај оваа улога, Ријана работеше и на продукција во Paramount Animation, но напиша и авторски песни за филмот.

Се обидов да ја добијам улогата на Велештрумф, но не успеа“, се пошегува Ријана.

Новиот музички филм „Штрумфови“ ќе допре прашања за идентитетот меѓу Штрумфовите.

Филмот е во режија на Крис Милер и Мет Лендон, додека Пем Брејди го напиша сценариото. Гласовите, меѓу другите, ги обезбедија Курт Расел и Џон Гудман, пишува „Варајети“ (Variety).

 

 

ИЗДВОЕНИ