Објавен трејлерот за филмот со Роберт Де Ниро во двојна улога/ВИДЕО

162

Од продукција на Warner Bros Pictures пристигнува филмот The Alto Knights (Витезите Алто) во кој главната улога ја има оскаровецот Роберт де Ниро во двојна улога, а е режиран од оскаровецот Бери Левинсон.

Филмот ги следи двајцата од најпознатите мафијашки босови во Њујорк, Френк Костело (Де Ниро) и Вито Џеновезе (Де Ниро), додека се борат за контрола на улиците во градот.

Некогаш најдобри пријатели, ситна љубомора и серија предавства ги поставуваат на смртоносен судир кој засекогаш ќе ја промени мафијата (и Америка).

„Витезите Алто“ го напиша номинираниот за Оскар, Никола Пилеги („Добри пријатели“), а го продуцираше оскаровецот Ирвин Винклер („Роки“, „Добри момци“), Левинсон, Џејсон Сосноф, Чарлс Винклер и Дејвид Винклер, а Мајк Дрејк е извршен продуцент.

ИЗДВОЕНИ