– Во петокот веќе е објавен отворен повик за јавна набавка со скратени рокови од 20 дена, а кој ќе копа јаглен наместо „Маркоски компани“ ќе покаже времето, односно кога ќе заврши целата постапка. „Маркоски компани“ засега се уште нема пратено никаква жалба, ниту, пак, го има обжалено известувањето за раскинувањето на договорот и активирањето на банкарската гаранција од страна на АД ЕСМ – информира генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.

Тој истакна дека „Маркоски ком пани“ нема да може повторно да се јави на огласот бидејќи доби негативна референца.

– За тековно работење и за нормализација на обврските што ги имаме спрема добавувачите во моментов имаме предизвици со кои се бориме секојдневно. Дали ќе побараме дополнителни заеми или не ќе одлучиме во наредниот период. Сега за сега немаме таков план – вели Узунчев.