Објавен конкурсот за визуелни уметности, самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти и перформанси

28

Во согласност со програмата за ликовна дејност, Град Скопје го објави конкурсот за визуелни уметности, самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси, кои ќе се реализираат во 2025 годиина.

-Заинтересираните уметници, потребно е во консолидиран документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации, фотографии од нивни дела во висока резолуција планирани за изложбата, доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус на likovna@kic.mk – информираат градските власти

Конкурсот трае 14 дена, а право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно информативниот центар Скопје не изложувале во последните две години.

Изборот на проектите за кој средства се обезбедени од Град Скопје ќе го изврши комисија составена од претставници на Културно информативниот центар – Скопје.