Министерството за култура и туризам објави Конкурс за учество во финансирање проектни активности на правни лица од Р.С. Македонија во европски проекти кои се поддржани од потпрограмата Култура на Креативна Европа 2021 – 2027 на Европската Унија за 2025.

Конкурсот има за цел да се обезбеди развој на културниот и креативниот сектор, промоција на разновидноста на културните изразувања и афирмација на македонската култура надвор од границите на нашата држава преку јакнење на европската културна соработка и реализација на културни активности во земјава и надвор од нејзините граници.

Право на учество на Конкурсот имаат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица кои се регистрирани во државата за вршење дејност од областа на културата во согласност со закон.

Критериумите и мерилата за оцена на проектните активности во европските проекти се содржани во пријавата која е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-страницата www.kultura.gov.mk, додека, пак, правните лица кои членуваат во европски мрежи поддржани од потпрограмата „Култура 2021 – 2027“ пополнуваат посебна пријава.

ИЗДВОЕНИ