Објавен документ со предлог за крај на војната во Украина: Големи разлики во споредба со американската верзија

189

Британски „Ројтерс“ објави детали од документот во кој се наведени предлози за ставање крај на војната во Украина.

По период во кој преговорите за ставање крај на војната во Украина паднаа во втор план поради царинските мерки воведени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, темата за конфликтот во источна Европа сега повторно е во центарот на вниманието на светската јавност. Минатиот викенд Доналд Трамп најави можен договор меѓу завојуваните страни, а денеска британски Ројтерс објави документ со низа предлози од Украина и Европската унија за прекин на војната.

Украинските и европските функционери и го предадоа официјалниот документ на американската страна во Лондон, како и документ за збир на предлози за ставање крај на војната што американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф им ги презентираше на европските претставници за време на разговорите во Париз на 17 април. Што се однесува до предложениот договор, предлогот на Стив Виткоф е Америка „де јуре“ да го признае полуостровот Крим како руска територија и „де факто“ да ги признае јужните и источните делови на Украина како делови од руска територија, додека украинско-европската страна остро се противи на тоа.

Во нивниот документ, европските претставници ја одложуваат дискусијата за териториите додека не се склучи и воспостави прекин на огнот. Во однос на безбедноста, предлогот на Виткоф е Украина да добие „силна безбедносна гаранција“ со европски и други пријателски држави кои ќе бидат гаранти.

Нема повеќе детали за тоа, но се известува дека Украина нема да бара да стане членка на пактот на НАТО. Ќе бидат укинати санкциите против Русија.

Во верзијата на Украина и на Европската унија се наведува дека санкциите ќе бидат укинати постепено, не одеднаш. Ова е една од точките на сопнување на двата документи.

ИЗДВОЕНИ