Обиен и ограбен комуналниот пункт во Капиштец

288

Обиен и ограбен е комуналниот пункт на Општина Ценатр во населбата Капиштец.

Од Општината информираат дека прозорецот на куќарката е искршен, а украдени се алатките и опремата што ја користат хигиеничарите.

-Внатрешноста е целосно демолирана. Штетата е проценета на 70.000 денари. Кражбата ја пријавивме во МВР, по што е направен и увид – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму потенцираат дека побарале од полицијата да ги засили контролите во населбата, со оглед на многубројните пријави и реагирања на граѓаните за ноќното дивеење и вандализирање на јавните објекти во Капиштец.

-Ваквите инциденти и појави ги вознемируваат жителите, а ги охрабруваат хулиганите, бидејќи нема ниту казни ниту санкции. Работата на полицијата е да ги санкционира сите оние што го загрозуваат и нарушуваат јавниот ред и мир и го уништуваат заедничкото добро. Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминуваат неказнето, а сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат – заклучија од Општина Центар.