Обичен „смртник“ од САД стана најбогатиот човек во ИСТОРИЈАТА, ама среќата кратко му траеше

133

Бизарна ситуација се случила во јули 2013 година, кога еден Американец ја отворил својата сметка на ПејПал и се збунил кога видел 17-цифрена сума на неговата сметка, наспроти парите што ги очекувал.

Крис Рејнолдс, тогаш 56-годишен маж од Пенсилванија, накратко стана најбогатиот човек во историјата кога компанијата за интернет трансфер на пари PayPal по грешка префрлила на неговата сметка неверојатни 92 квадрилиони долари. Оваа грешка, која брзо беше исправена, го направи Рејнолдс илјада пати побогат од вкупниот светски БДП во тоа време.

Според соопштението на компанијата, во средата имало техничка грешка, која брзо била исправена. „Богатството“ на Рејнолдс лесно го надмина она на мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, кој тогаш беше на врвот на листата на Форбс со проценети 67 милијарди долари. Исто така, моментално најбогат човек на светот е Илон Маск, чие богатство се проценува на неверојатни 421,2 милијарди долари.

Од друга страна, состојбата на сметката на Рејнолдс, тогаш директор на фирма за односи со јавноста во Пенсилванија, порасна на огромни 92.233.720.368.547.800 долари.

Меѓутоа, точната сума брзо повторно се појавила на неговата сметка, а PayPal ја признал грешката и понудил да донира неодредена сума на пари во добротворна организација по избор на Рејнолдс.

– Ова е очигледна грешка и цениме што господинот Рејнолдс сфати дека тоа е така – изјави тогаш PayPal, според Unilad.

Ако можеше да ги задржи парите, Рејнолдс имаше големи планови да го намали државниот долг и потоа да го купи Филис, мислејќи на бејзбол тимот Филаделфија.

ИЗДВОЕНИ