“Обичам те“ – Бугарскиот пејач Азис е биолошки татко на ќеркичката Раџа

45

Мојата ќерка Раџа најпрво ме праша зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа и објаснив дека јас ја сакам, но на поинаков начин. Не како маж што ја сака жената, бидејќи јас сексуално се возбудувам на мажи. Жените ми се само пријателки за кафе муабети!

Неговото вистионско име е Васил Тројанов, а во светот на естрадата сите го препознаваат според уметничкиот прекар Азис. Овој бугарски пејач успеа да направи голема пејачка кариера, дури и покрај тоа што не важи за некој кој има моќен глас, ниту стас. Успеа да ја представува Бугарија на Песна на Евровизија, а и да сними песни со Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена, Драгана Мирковиќ…Неговиот најпознат хит е “Обичам те“!

Во почетокот кога се појави на сцената се облекуваше како жена. Се шминкаше, целиот се депилираше и носеше потпетици, но и покрај таквото шокантно однесување, никој не можеше да му го негира неговиот каков-таков талент за пеење. Азис успеа да направи и соработка и со други добро познати бугарски поп-фолк пејачи, како што се: Глорија, Малина, Софи Маринова, Галена, Тони Стораро, Весислава…                            За ѕвездата Азис отворено се знае дека има бисексуални склоности, но се знае дека има и дете.  Детето му е од официјален брак за кој вели дека и не му е вистински брак, туку само параван поради ќеркичката.

– Мојата мила Раџа најпрво ме праша зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа и објаснив дека јас ја сакам, но на поинаков начин. Не како маж што ја сака жената. Многу сум искрен и многу и зборував на ќерка ми. Тоа беа наши интимно семејни емотивни разговори. На Раџа и објаснив дека јас имам свој живот, а нејзината мајка има свој.  Морав така поедноставно да ѝ објаснам дека јас сексуално се возбудувам на мажи. Жените ми се само пријателки за кафе-муабети. Како во некоја фризерница кога со жените си правите трач муабети, кога ја озборувате естрадата. Ги озборувате згодните фудбалери, па со жените се кикотите зборувајќи за машкиот полов орган.

Впрочем, биолошка мајка на мојата ќерка е мојата најдобра другарка.На ќерка ми, се и признав. Да не слушне ништо од другите бидејќи ние сме карактерно расипано општество кое сака да му наштети на оној другиот. Затоа имам отворена комуникација со моето дете на кое сум и биолошки татко.

Во понатамошниот тек на пејачката кариера Васил Тројанов–Азис направи голема трансформација. Престана да се облекува и како трансвестит и како жена, па почна да личи на маж. И тоа привлечен.Редовно оди во теретана, има истакнати мускули, дури пуштил и брада и мустаки.  По телото е “ишаран“ со тетоважите, со кои сега го потенцира атрактивниот мачо-изглед.   Д.М. фото:архива

 

ИЗДВОЕНИ